Бизнис
17. April 2017 - 19:38

Бизнисот бара свежи пари за економски раст

Македонските компании бараат свежи пари за да го генерираат предвидениот економски раст. Политичката неизвесност во земјава и натаму е закана за домашниот бизнис, но фирмите се трудат и бараат начини  како да ги надминат последиците и да остварат  позитивни резултати во работењето.  Експертите сметаат дека во вакви услови на фирмите им е неопходен  полесен пристап до финансии и воведување на современи технолошки производни просеци.

- Извори на средства од МБПР, банка која ќе биде во тесна врска со бзинис сектрото фирмите компаниите  на кои треба да им се обезбедат можности за да ги реализираат своите развојни планови,  вели  Богослав Ангелоски.

Со внесување на свеж капитал во стопнаството на компаниите ќе им се овозможи да ги обноват своите машини и технолошки производни процеси. Неопходно е  и поголема креативност и иновативност. Со тоа домашниот бизнис ќе генерира производи со повисока додадена вредност. Значително ќе се зголеми и конкуретноста на странските пазари.

Од друга страна во услови кога македонската економија  е притисната од политичката криза домашните фирми се воздржуваат од нови инвестиции.

Народната банка во последниот извештај за макроекономските констатира  дека  опаѓа кредитирање на компаниите и тоа во јануари има пад од 1,6 отсто. Бизнис сектрот апелира  што е можно поскоро решавање на политичката неизвесност.

Засега кризата не влијае на инвеститорите.  82 отсто од СДИ се изјазниле дека повторно би инвестирале во државава. 

- И покрја лсучувањата тука расте инвестирањето од Италија. Македонија и натаму е остане наш голем бизнис партнер, рече Чинциа Бруно, директорка на Италијанската агенција за промоција на надворешна трговија со Амбасадата на Италија ИЧЕ.

Според проекциите на НБРМ годинава ќе се заокружи со раст  на БДП од 3,5 отсто.