Бизнис
6. јуни 2019 - 16:22

Бизнисот бара повисоки плати и стручен кадар за раст на економијата

Бизнисот бара намалување на бројот на факултети , а зголемување на средните стручни училишта. Велат дека на тој начин образованието ќе почне да го генерира потребниот стручен кадар за работа-  главен проблем на кој компаниите посочуваат веќе подолго време. Од стопанската комора со препорака до фирмите  да ги зголемат и  платите, затоа што со тоа ќе се мотивираат младите наместо да одат на факултет да учат некој занает. Велат дека поради недостатокот на стручен кадара трпат компаниите, но и целата економија. 

Надлежните очекуваат дуалното образование – клучот за намалување на јазот  помеѓу понудата и побарувачката на пазарот на трудотда почне да се применува од следната учебна година. Учениците два дена во неделата да посетуваат настава, а останатите три да имаат  пракса во фирмите.  За тоа да добиваат плата, а да им се плаќааат и придоенси.  Надлежните велат дека веќе се правата сериозни промени во образовниот систем. Но најважно е да се искорени и  мислењето дека со стручното образование не може да се најде работа.

За да може дуалното образование да профункционира ќе бидат променети  повеќе закони. Овој систем  дал добри резултати во повеќе европски земји.