Бизнис
7. јуни 2020 - 16:37

Бизнисот бара мерката за субвенционирање плати да продолжи и во јуни и јули

Итно продолжување на мерката со која државата исплаќа 14.500 денари по вработен. Бизнис секторот алармира дека продолжувањето на здравствената криза ја загрозува и така кревката ликвидност на компаниите и поддршката за исплата на плати мора да продолжи и после мај. 

Од Министертсвто за финансии ја следат состојбата и предизвиците со кои се соочуваат компаниите, а одлуки ќе се носат согласно потребите. Според министерството економијата е во фаза на реотворање и економската активност, треба да заживува со олабавувањето на рестриктивните мерки. Во известувањето на финансии се вели дека третиот пакет е димензиониран токму за таа цел. 

„Третиот сет на економски мерки беше креиран за да го забрза заживувањето на економијата преку поттикнување на домашаната потрошувачка, преку мерката за финансиска поддршка на граѓаните. Преку домашната платежна картичка очекуваме дека во економијата ќе се влеат околу 28 милиони евра токму кај погодените компании“, велат од МФ.

Бинзисмените пак велат дека третиот пакет нема да помогне за заживување на економијата туку само ќе го ублажи ударот. 

Мерката 14.500 по вработен важи за април и мај. Во април за неа аплицираа 21.000 компании. За 130.000 вработени државата исплати 30 милиони евра. За мај интересот е поголем, досега аплицирале 27.000 фирми.