Бизнис
10. September 2019 - 16:57

Бизнисмените со порака до Владата: Долгите административни процедури го кочат бизнисот

Прво решавање на проблемите со кои се соочува бизниот, потоа  користење на поволностите кои ги нуди државата. Бизнисмените се жалат на долгите административни процедури, каде за увоз на суровини за производство се чека  и по 4,5 месеци, неусогласеност на државните институции барат различни сертификати  за ист производ,  царински постапки кои траат по една недела.

    -Во производството не смее да има чекање и доцнење повеќе од седум дена. Во ред е ова што го прави Владата за да ни помогне, но има многу проблеми кои не се решени. И да земеме поддршка од државата, како ќе ја искористиме кога се соочуваме со вакви потешкотии, рече Мирослав Ѓоргиовски од „Геопром“.

Вицепремиерот Анѓушев се согласува дека администрацијата е обемна и бавна , но вети  помош на фирмите.

- Наскоро ќе се отвори посебна канцеларија во која компаниите он-лајн ќе може да пријавуваат проблеми од тековното работење, а целта е брзо да  реагираме, изјави Кочо Анѓушев, вицепремиер задолжен за економски прашања.

Земјоделците побараа да не аплицираат секоја година за доделување концесија за пасиштата , за да можат да инвестираат долгорочно. Анѓушев им вети дека и овој проблем ќе го.реши

Инаку во Стопанката Комора се презентираа владините мерки за поддршка на инвестициите, каде сите производствени дејности можат да побараат враќање на дел од вложените пари,  како и на мерката за зголемување на платите, каде сите придонесите, освен персоналецот ги плаќа државата,  ако газдите ги зголемат платите на вработените од 600 до 6,000 денари.