Бизнис
13. November 2018 - 20:13

Бизнисмените од Стопанска комора на Македонија задоволни од буџетот за 2019

Бизнисот го пофали  предлог буџетот за следната година. Дадоа само препораки  за она на што треба да се работи во следниот период за да може економијата да биде подобра. Сметаат дека  капиталните инвестиции треба  да бидат  рамномерно  распределени во сите средини, слободното земјиште да му биде дадено на бизнсиот за да може да има поголем развој во секторот.

Заев фвети дека 2019 ќе биде година на економијата. Реализаицјата на капиталните инвестиции да биде поголема затоа што се надминати проблемите со дел од проектите.

Владата скрои историски најголем буџет за следната година. Планира да потроши 3,7 милијарди евра. На приходната страна прокетирани се 3,4 милијарди евра, дел од нив ќе дојдат преку прогресивниот данок.

Растот во 2019 треба да надмине 3%, дефицитот ќе изнесува 2,5%, ќе се финансира преку нови задолжување, а долгот ќе се зголеми на 54% од БДП.