Бизнис
22. February 2018 - 19:45

Бизнисмените ги кажаа забелешките за новиот закон за јавни набавки

Процесот и начинот како ќе се утврдува економски најповолната понуда , кога ќе се исклучува потребата од електронската аукција, процесот на набавките без да се прецизира начинот и сумата, стимулативни мерки за вклучување на помалите претпријатија и функционирањето на новиот електронски регистар се само дел од забелешките на бизнис заедницата за новиот предлог закон за јавни набавки.

Целта на новиот Закон за јавни набавки е да ја зајакне транспарентноста и контролата на постапките, а во исто време да ги направи поедноставни и полесни за имплементација.

Инаку закон за јавни набавки треба да биде усвоен од страна на Собранието до октомври годинава, а да започне да се применува од јануари следната година.