Бизнис
22. July 2019 - 16:26

Бизнисмените бараат помош, Пендаровски им вети дека нема да потпишува штетни закони

Владеење на правото, борба против корупцијата, зајакнување на економско дипломатските претстваништва, намалување на политичките поделби во општетсвото предвизикани од континураните потилички препукувања на одредени политички партии.

Бизнисмените од ССК пред претседателот Пендаровски ги образложија  проблемите кои според нив се пречка за развој на бизнисот и побараа тој да им помогне во своите надлежности.

Претседателот Пендаровски ги слушна проблемите од комората. Посочи дека економскиот развој треба да биде приоритет. Пред стопанствениците даде ветување  дека нема да потпишува закони за кој  бизнисмените сметаат дека се штетни.

Посочи дека неговиот кабинет се екипирал со тројца економски соработници  на кој бизнисмените дирекно ќе можат да им ги кажат проблемите кои им создаваат проблеи во работата. 

Стопанствениците пак се надева дека во следниот период работите во политиката ќе се движат  во добра насока, затоа што од тоа најмногу зависи економијата.