Бизнис
1. April 2019 - 16:50

Бизнисмените бараат измените во даноците да се знаат до 30 Јуни, а да важат од 1 Јануари

Сите даночни промени  да се знаат до 30 јуни во тековната,  а да стапат во сила од  почетокот на следната година.

Бизнисот бара државата да воведе таканаречен даночен календар. Со тоа велат ќе имаат неколку месеци време да се прилагодат на новитетите , а ќе се избегнат наглите промени.

Ваквото барање  од стопанствотот доаѓа откако владата  одлучи прогресивниот данок да стартува од почеткот на годинава, кога фирмите веќе ги имаат направено своите бизнис планови, па поради  новата даночна реформа  беа принудени да ги менуваат и да бидат изложени на дополнителни трошоци.

Исклучок би биле само промени кои би значеле намалување на даночните обврски. Таквите мерки предлагаат да стапат во сила веднаш. Бизнис заедицата барањето ќе го достави и до владата. Се надеваат дека ќе биде прифатено и ќе го применува секоја влада.  

Од владата велат дека слушнале за барањето, чекаат да го добијат за истото да биде разгледано.

Според последните податици на  финансиии во јануари приходите по основ на персонален данок биле зголемени за речиси  14 отсто .

Но според анализата на Фајнанс Тинк пропорционално се собрани помалку пари од очекуваното. Или во во јануари вкупните приходи од персоналец  изнесуваат 6,2 проценти од вкупно предвидените што е помалку од очекуваните 8, 3 отсто согласно воведувањето на прогресивното оданочување.