Бизнис
6. November 2017 - 16:31

Бизнис заедницата предупредува: Зголемената акциза на нафтата ќе има големо влијание

На секои три месеци Владата да дава отчет за динамиката на реализација на капиталните инвестиции, бараат бизнисмените. Долговите кон стопанството навремено да се сервисираат порачаа тие на продолжената дебата за предлог буџетот за следната година . Забелешки имаат и за обемноста и неефикасноста  на администрацијата како и за планот на Владата да ја зголеми максималната основица за придонеси. Односно оние со екстремно високи примања кои надминуваат 6500 евра месечно да плаќаат  придонеси за пензиско на повисока основица од 16 просечни бруто плати, а не како досега само на сума од 12 просечни бруто плати.  Ако е така велат бизнисмените, тогаш и нивната пензија нека биде повеќе од 500 евра.

Бизнисмените посочија дека зголемувањето на акцизата на дизелот ќе има големо влијание врз нивното работење. На ова Тевдовски одговори дека сите  ефекти се вградени во проектираната стапка на инфлација од 1,7 %. Зголемувањето е економски оправдано и решението не треба да се повлече. Ќе се зголеми  и акцизата за екстра лесното масло, но не и на мазутот.

– Апелираме посебно до медиумите, ако не се стручни, да не манипулираат на оваа тема, потенцира Тевдовски.

Владата треба да ги усвои проекциите на државната каса  до 15ти ноември, по што Буџетот оди на собрансика расправа.