Бизнис
23. November 2017 - 18:32

Бизнис заедницата на средба со штипскиот градоначалник

Меѓусебната тесна соработка на бизнис секторот и локалната самоуправа е од круцијална важност за економскиот раст. Членовите на регионалната стопанска комора на нивната прва работна средба со штипскиот градоначалник го запознаа со економската активност на фирмите во Источниот регион.

- Активностите на локалните компании да ги пренесеме и на државно ниво, со што ќе се зголеми економската активност на регионалните фирми, а со тоа ќе допринесеме за подигање на стандардот на нашите вработени, нормално и на граѓаните кои што живеат во овој регион.-изјави Наум Барзов, претседател на Регионална стопанска комора со седиште во Штип

Бочварски наведе дека бизнис секторот е моторот кој ја движи економијата, создава нови работни места и како што вети во предизборната кампања, ќе се залага за ист третман на домашните и странските компании.

- Согласно моите, нашите ингеренции на општина Штип, ќе излеземе во пресрет на сите домашни компании и ќе ги поттикнеме да инвестираат во нашиот град-изјави Благој Бочварски, градоначалник на Штип

За почеток согласно урбанистичките планови ќе се отварат можност за изградба на нови стопански капацитети во кои ќе се отвораат нови работни места.