Бизнис
19. July 2017 - 17:19

Бизнис заедницата испорача до владата пакет од 75 мерки за подобрување на климата во стопанството

Сузбивање на сивата економија, олабавување на инспекциите поголема комуникација со бизнисот, измени во наплатата на ДДВ и фирмарината . Ова се само дел од  пакетот на 75 мерки кои дел од стопанствениците  ги испорача до премиерот Заев и неговиот економски тим. Со нивна примена стопанството подобро ќе работи  а економијата ќе  генерира повисоки стапки на раст.

Заев најави дека веќе се прават измени во делот на испекциските служби. Оние кои грешат прво ќе добијат опомена.

Бизнисмените  бараат и пониска  фирмарина за помалите фирми , а ДДВ наместо по фактура да им се пресмета само на  платениот дел. 

Пред бизнимените Заев потенцира дека во момнетов долгот на државата кон стопанствотот е 400 милиони, анализите уштре траат но не очекува тој да надмине 700 милиони евра. Во однос на страбнските инвестии  рече дека Македонија нема да ја напушти политиката за нивно привлекување  но  дека условите за инвестирање ќе бидат исти и за домашните и за фримите од надвор.Побара од работодавачите  да бидат отворени за вработување на младите. Парите за нивните  плати ќе ги покрие  државата. За оваа намена рече Заев со ребалансот на буџетото обезбедени се 8,8 милиони евра. Со тоа ќе се спречи одливот на млад кадара  во странбство и нивно постјано вработувње во администрацијата. Побара и помош од бизнси сектрото  во реалзирањето на минимланата  и бруто плата.

На првата средба на ССК со владата присуствуваа повеќе од 200 компании, министри амбасадори и комори.