Бизнис
11. April 2018 - 19:49

Бизнис заедницата бара нов, јасен закон за работни односи

Бизнис заедницата секојдневно се соочува со проблеми при имплементација на Законот за работни односи и воопшто од трудовата регулатива. Тоа ја наметнува потребата од чести интервенции во законската регулатива, со цел да биде јасна и недвосмислена, како за работодавачите, така и за вработените.

-Морате да ја следите динамиката на општеството и на тој начин да се менуваат одредбите, кои што ќе послужат, како за добро функционирање на фирмите, така и за подобрување на релацијата работодавач работник-изјави Александра Чевдаревска, правник, Стопанска комора.

Во оваа насока, УСАИД во соработка со 4-те стопански комори, втора година го имплементира  проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“.  Со претставници на микро, мали, средни претпријатија и вработените од Кочани и регионот, организираше инфо сесија на која беа поставени приоритетните прашања и потребата од промени во Законот за работни односи.

-Ние ги собираме предлозите и иницијативите од страна на бизнис заедницата, ги преточуваме во одредени позициски документи кои што ги изработуваат стопанските комори со правните работни групи и ги приложуваме до надлежните институции за подобра усогласеност на регулативата во земјата, изјави Димче Мицевски, ЕПИ Центар Интернационал.

Работодавачите и вработените најповеќе се интересираат за поимите, волонтерство, работа од дома, флексибилно работно време и пробна работа, за кои праксата покажала дека со нив лесно се манипулира и не се имплементираат онака како што се замислени.

ТРАЈАН РИСТОВСКИ