Бизнис
4. October 2018 - 16:14

Бизнис секторот предупредува дека честите избори не се добри за бизнисот

Честите избори не се добри, го носат бизнисот во неизвесност. Академик Таки Фити вели дека честото гласање ги одвлекува ресурсите кои се скапи.

Според бизнис секторот пак доколку изборите се во функција на понатамошниот развој на државата треба да ги има но проблемот е во методологијата на нивното одржување .

Од Владата признаваат дека честите изборни процеси лошо влијаат на македонската економија. Анѓушев вели дека избори треба да има само ако се неминовни.

Владата и научната јавност на конференција во Охрид денеска се сложија дека македонската економија се движи во вистински правец, но за да се продолжи тој тренд неопходно е да се осигура евроатланската перспектива на земјата.

Нивна задача е јасно да ги идентификуваат клучните ограничувачки фактори, да се одреди дијагноза на состојбите и фокусот да биде на барање на мерки на политиките за надминување на проблемите.