Бизнис
10. July 2018 - 22:13

Бизнис секторот ги пресметува загубите од поскапите горива, трошоците пораснале за 15%

Стопанството  повеќе не може да го издржи ударот од поскапувањето на горивата. Засега бизнсот се   воздржува од поскапување, но ако и во иднина продолжат да растат цените на бензините, ќе бидат принудени да ги поскапат производите. Пресметките покажуваат дека тие би пораснале  за 5 до 10 проценти.

Меѓу најпогодените се  и превозниците. Зголемувањето на акцизата и поскапувањето на горивата значитело го отежнале нивното работење. Не ја исклучуват монжноста во идина  дел од нив  да бидат принудени да го намалат бројот на линии.

Ако се имаат во предвид сегашните цени на чинење на билетите на најдолгите релации како Скопје-Охрид, Скопје - Гевгелија, Скопје – Струмица, или со Берово, Делчево и Крушево ќе се заклучи дека тие останале исти, непроменети од минатата година, а околностите значително се промениле со зголемување на акцизата на нафтата. Денес, економската анализа покажа тотална економска неисплатливост на вршењето на превоз на патници под вакви околности, се вели во дописот од  асоцијацијата на здруженија на работодавачи на трговски друштва за превоз на патници.

Од полноќ бензините и дизелот се продаваат по нова повисок цена. Бензините  поскапеа за едне денар и сега Еуросупер 95 чини 72 денари, а 98 цата 74 денари. За половина денар поскапе и дизелот.  Тој се точи по цена од 64 денари за литар.

Од почетокот на годинава државата ја зголеми акциза за нафтата за три денари. Иако на ваквата одлука  неколку пати реагираа стопанствениците дека тоа ќе повлеќе низа поскапувања сепак  досега нема интервецнии во износот. Тогаш од владата посочија дека зголемувањето на акцизатаза нафтата е во согласност со рпепораките на Европската Унија за да се дестимулира употребата на дизелот со што дирекно ќе се намали загадувањето.