Бизнис конференција „Слатка програма“
Интерактивна Talk IN Business конференција на тема „Слатка програма“ организира денеска во Скопје
редакцијата на магазинот InStore – Македонија.
„Слатка програма“ е првата од 10-те планирани конференции во рамки на регионалниот проект Talk IN Business. На конференцијата ќе учествуваат најголемите кондиторски производители од Македонија, дистрибутери на производи од слатка програма и најголемите супермаркети.
На Talk IN Business тие ќе имаат можност да дискутираат за потрошувачките навики, позицијата на брендовите и за основните трендови на секоја категорија, како и за интегрирано медиумско планирање на кампањи.
Интерактивните Talk IN Business конференции ќе се одржуваат еднаш месечно и на секоја ќе се обработува одредена категорија производи од FMCG-секторот. Ќе бидат презентирани информации од фокусирани истражувања на пазарот, анализи на актуелни трендови и проблематики но, пред сè, ќе се споделуваат искуствата за категориите.
Ново на Сител
-
403 нови случаи на КОВИД-19 во земјава
-
Скопјанец нападнал обезбедување на казино
-
Пронајден хероин кај 40-годишен кичевчанец
-
Кривична против 47-годишен охриѓанец - организирал семејна веселба со 20 гости во неговиот дом
-
Милошоски: Пописот треба и мора да се реализира, но не ваков каков што сака да го направи СДСМ
-
Петровска: Секоја намера за одложување на пописот е деструктивна и злонамерна
-
УХМР: Утре и задутре облачно со ветер и снег во јужните и северните делови
-
Во велешката касарна свечена заклетва на новa генерација професионални војници на служба во Армијата