Бизнис
23. March 2021 - 16:52

Бизнис конфедерацијата бара вонредна состојба за да ја добијат помошта од државата

Да се прогласи вонредна состојба и законите да се носат со владини уредби. Собранието е нефункционално а фирмите чекајќи ја помошта за исплата на плати веќе се во безизлезна состојба велат од бизнис секторот. Револтирани  од однесувањето на пратениците, сметаат дека само ваквата правна разврска ќе помогне  парите што побрзо стигнат до фирмите и граѓаните.

-За жал дел од пратениците веројатно поради своите партиски интереси не ја исполнија својата обврска да бидат претставници  на народот туку им служат на своите политички опции. Дури до 80 отсто од мали средни и микро занаетчии од сите правни субјекти ја очекуваат помошта, вели Миле Бошков претседател на Бизнис конфедерацијата.

Пред една недела дел од членките на СКМ најавија бран отпуштања бидејќи пари за плати нема без помошта од државата. Најкритично е во текстилната и кожарската индустрија.

Помошта за исплата на плати требаше да биде на дневен ред на седницата која требаше да се одржи денеска. Но вчера собранискиот спикер рече  дека седници нема да има додека не се обезбеди кворум, со што неизвесноста продолжува.