Живот
16. July 2016 - 13:45

„Бизнис Инсјадер“: Луѓето кои доцнат се креативни и успешни

Сите имаме по некој пријател или колега, кој постојано доцни на сите договорени средби или на работното место.

Ваквите луѓе по правило се сметаат за безобразни, вообразени и себични, но како што објави „Бизнис Инсајдер“, тие всушност се прикрасни личности, кои ги карактеризира оптимизам, креативност и успешност, како во приватниот живот, така и на работа. 

Според порталот, овие луѓе доцнат поради нивниот оптимиситчки став дека „имаат повеќе време“, поради што живеат полежерно, што пак им создава можност за поголема креативност и успешност во животот. 

Иако за ваквите тврдења засега нема научен доказ, сепак тие најверојатно ќе ги воодушеват оние кои ги излудуваат своите блиски со постојаното доцнење.