Балкан
27. December 2016 - 17:23

„Бизнис инсајдер“: Грција е на листата на опасни држави

Грција се наоѓа меѓу опасните држави, пишува „Бизнис инсајдер“. 

Во листата што беше објавена денеска, се вклучени држави кои се безопасни и држави кои Британците треба да избегнуват да ги посетуваат поради безбедноста. 

На листата, Грција се наоѓа меѓу државите како Колумбија, Украина, Тунис и Турција. 

Класификацијата е направена на база на податоци за криминал и извршени терористички напади.