Бизарно но вистинито
3. August 2015 - 17:51

Бизарно самоубиство: Пукал во животно, куршумот се одбил и завршил во неговата глава

Маж од Тексас бил примен во болница затоа што добил куршум во глава, кој бил наменет за едно армадило.
 
Човекот пукал кон животното, но бидејќи тоа има многу цврст оклоп, куршумот се одбил и завршил во неговата глава.
 
Со тешки повреди бил пренесен во болница, но моментално не е во животна опасност.
 
Ваквите случаи не се реткост, иако можеби така ви изгледа.
 
Пред неколку месеци човек од Џорџија пукал во армадило, но куршумот се одбил и ја погодил неговата баба, односно мајката на жена му.