Бизарно но вистинито
10. јуни 2016 - 19:01

Бизарно: Девојка (20) починала откако го бакнала нејзиниот дечко!

Врската била на почеток и Мирјам не стигнла да му каже се за себе, а тој ден после забавата заминале кај него дома.
 
Мирјам Лемај тој ден била на забава во Монтреал со своето момче. 
 
- Се беше во ред во нејзиниот живот, ми рече дека е заљубена. За прв пат го видов тој сјај во очите на ќерка ми - изјавила мајкатана оваа 20-годишна девојка.
 
Тажниот и неочекуван настан се случил во 2012. година, а мајакта сега сака да ја подигне свеста на другите за опасноста од алергија од храна.
 
Тие се уште се запознавале и Мирјам не му кажала за својата алергија. Додека таа го подготвувала креветот, момчето јадело сендвич во кој имало путер од кикирики, а потоа ги измил забите.
 
Неколку минути откако ја бакнал Мирјам, таа останала без воздух. Според извештајот од истрагата, не и работел инхалаторот и немала со што да си помогне во таа ситуација. Го прашала момчето дали јадел кикирики, а тој веднаш повикал Брза помош.
 
Брзата помош пристигнала за осум минути, но и покрај обидите девојката починала бидејќи нејзиниот мозок останал без кислород, пишува „Independent“.