-->
-->
Бизарна забрана во Холандија: Не им даваат на децата да го користат игралиштето бидејќи се бучни - казните се до 10.000 евра
-->
Едно основно училиште во Холандија го затвори игралиштето за деца бидејќи станарите од околните згради се пожалиле дека децата се прегласни.
Забраната на игралиштето важи до крајот на месецот, а ако се прекрши оваа мерка ќе се соочат со казна од 10.000 евра, пренесува BBC.
Како што се наведува, локалните станари се жалеле дека децата прават бучава повеќе од 70 децибели, колку што е дозволено,но по мерењето било утврдено дека децата прават бучава од 88 децибели.
Одлуката на училиштето предизвикала бурна реакција, а 4000 граѓани се потпишале на петицијата во која бараат од локалните власти да се повлече.
Инаку, холандските деца според истражувањата на УНИЦЕФ важат за најсреќните деца на светот, пред се поради малиот притисок во раната возраст да прават тестови поради што нивното образование се заснова на учење низ игра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители