Свет
11. July 2019 - 12:24

Бизарна забрана во Холандија: Не им даваат на децата да го користат игралиштето бидејќи се бучни - казните се до 10.000 евра

Едно основно училиште во Холандија го затвори игралиштето за деца бидејќи станарите од околните згради се пожалиле дека децата се прегласни.
 
Забраната на игралиштето важи до крајот на  месецот,  а ако се прекрши оваа мерка ќе се соочат со казна од 10.000 евра, пренесува BBC. 
 
Како што се наведува, локалните станари  се жалеле дека децата прават бучава повеќе од 70 децибели, колку што е дозволено,но по мерењето  било утврдено дека  децата прават бучава од 88 децибели. 
 
Одлуката на училиштето предизвикала бурна реакција, а 4000 граѓани се потпишале на петицијата во која бараат од локалните власти да се повлече. 
 
Инаку, холандските деца според истражувањата на УНИЦЕФ важат за најсреќните деца на светот, пред се поради  малиот притисок во раната возраст да прават тестови поради што нивното образование се заснова на учење низ игра.