Балкан
23. January 2017 - 11:57

Бизарна сообраќајна несреќа: Го заглавил автомобилот на банкина, па направил уште полуда работа

Луѓето кои ова утро минувале покрај Младеновац, Србија имале што да видат. Филмска сцена.
 
Голф заглавен на банкина, стои, не мрда.
 
Оваа сообраќајка за среќа завршила без жртви. Возачот и патникот излегле од автомобилот без гребнатинка, а фотографијата од несреќата веднаш се појави на социјалните мрежи.
 
Луѓето кои биле во автомобилот се од Железник, а им помогнале сопствениците и вработените од мотелот 011. Го симнале голфот од банкината, а со истиот луѓето си продолжиле по патот.