Македонија
5. January 2018 - 11:37

Бизарна несреќа во Македонија: Маж итно донесен на скопските Клиники

На 04.01.2018 година во 19:20 часот телефонски во Полициско одделение-Македонска Каменица од итна медицинска помош е пријавено дека кај нив бил донесен П.С.(65) од Македонска Каменица со тешки телесни повреди (фрактура на клучна коска и набиеници на градниот кош).

П.С. со трактор „Урсус“ се движел по локалниот пат с.Цера-Македонска Каменица, но во еден момент изгубил контрола над тракторот и паднал, додека тракторот продолжил со движење. П.С. по укажаната лекарска помош во контактибилна состојба со возило на итна медицинска помош е пренесен во Медицински Центар-Штип, Одделение за ортопедија, од каде е префрлен во Ургентен Центар-Скопје при Комплекс клиники Мајка Тереза. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица-Делчево.