Бившата на Аца Лукас направи гламурозна прослава на полнолетството на својата ќерка
Со гламурозна прослава познатата стилистка го одбележа влегувањето во светот на возрасните на својата ќерка Софија, а највесела на забавата беше нејзината најмлада наследничка Викторија.
Во раскошно декорираниот амбиент на еден белградски сплав, Соња Вуксановиќ на 24 декември организираше прослава по повод 18. роденден на својата постара ќерка Софија која ја доби во бракот со поранешниот сопруг, пејачот Жељко Шашиќ. Гордата мајка се потруди да и ја исполни секоја желба на љубимицата за полнолетството, иако таа немаше посебни барања, освен на овој важен ден да биде со драгите пријатели.
-Навистина имаше вистинска забава, онаква каква што сакаше Софија. Сакаше целосно опуштена вечер. Друштвото и беше културно и весело, сите дојдоа да се забавуваат. И се забавуваа онака како што доликува. Најважно е што Софија беше задоволна. И мене ми беше убаво и уживав со пријателите, рече Соња која неодамна се разведе од вториот сопруг Аца Лукас со кој ја доби ќерката Викторија.
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид