Македонија
9. December 2019 - 16:37

Битолскиот универзитет со иницијатива студентите да патуваат и повторно да се вратат

Битолскиот универзитет ги зголемува активностите со кои ќе се зголемат капацитетите за што подобро искористување на фондовите кои ги нуди Европската Унија, особено Европските образовани програми. Од универзитетот очекуваат работните средби со Националната агенција за образовни програми и мобилност во наредната година да се зголемат, а со тоа ќе се стекнат и  нови знаења околу новите правила и можности кои ги нуди ЕУ.

-На овој начин универзитетот заедно со Националната агенција отвора еден прозорец кон информации со цел да го пробудиме интересот кај студентите за нивна мобилност и патување во странство на универзитетите во земјите од ЕУ или пак во регионот. На тој начин пасошот и индексот да не го користат за патување во еден правец туку повторно да се вратат во татковината и своето знаење и искуство да го споделат со колегите и нашите професори заедно да го градат универзитетот, рече ПРОФ.Д-Р МАРЈАН ЃУРОВСКИ, ПРОРЕКТОР НА УКЛО.

Универзитетот „Свети Климент Охирдски“ Битола е првиот во државата кој ја препозна потребата од предвремено советување со Националната агенција, истакна Димова.

-Станува збор за огромни средства кои ќе бидат ставени на располагање на образованието. Во Македонија за жал овие средства што и до сега ги имавме не беа добро искористени, не беа целосно искористени, тие беа добро меѓутоа капацитетот не беше доволно голем иако морам да признаам дека УКЛО не стои така лошо во однос на другите универзитети, меѓутоа ме радува фактот што конечно побара да чуе што се случува и да се вклучиме во тој процес на дијалог со Европската комисија и градење на капацитетите на универзитетот, истакна ЛИДИЈА ДИМОВА,  ДИРЕКТОРКА НА НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ЗА ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ.

Од УКЛО велат дека во престојниот период особено ќе се фокусираат на искористување на  Еразмус програмите и значењето и фидбекот што ќе го имаат на домашната, локалната економија.