Македонија
4. July 2016 - 9:10

Битолскиот театар со премиерата „Бар Ремарк“ ќе гостува на „Охридско лето“

Ансамблот на Народниот театар-Битола почна со подготовки на претставата „Бар Ремарк“ која премиерно ќе ја изведе на 3 август на фестивалот „Охридско лето“.

Претставата е според романот „Трите воени другари“ на Ерих Марија Ремарк, во режија и адаптација на Александар Баргман, гостин од Русија.

- Повторно сум во Битола, соработката продолжува, а таа е резултат на прекрасниот театарски живот во овој град. Во претставата ангажирам поголем број актери кои го презентираат периодот по Првата светска војна и затоа ги избрав Огнен Дранговски, Катерина Аневска, Петар Мирчевски, Борис Чоревски, Јулијана Стефановска и други, вкупно 14 актери од овој театар, истакна режисерот Баргман.

Сценограф на претставата „Бар Ремарк“ е Валентин Светозарев, костимограф Благој Мицевски, а музичкиот избор е на Марјан Неќак.

Актерите на Битолскиот театар на „Охридско лето“ ќе настапат и на 31 јули кога ќе ја одиграат претставата „Сонети“