Битолскиот полицаец Тоска осуден на 18 години затвор за свирепото убиство на свој сограѓанин
Осумнаест години затвор доби 25-годишниот Енвер Тоска, полицаец од Битола за свирепото убиство на својот сограѓанин, 36-годишниот Алили Бекир, соопшти портпаролот на прилепскиот Основен суд, судијата Жарко Велески.
Пресудата ја донесе судечкиот совет со кој заседаваше судијата Ѕвонко Младеноски.
Судењето на обвинетиот Тоска заврши вчера и тоа за брзо време откако Тоска ја призна вината за убиството што се случи на 14 септември минатата година.
Тоска беше обвинет за убиство со умисла бидејќи, според прилепското Јавно обвинителство тој претходно го планирал кривичното дело, го однел Бекири кај селото Беловодица, го убил и потоа го полил со бензин и го запалил.
За ова, едно од најтешките кривични дела, казната е од 10 години до доживотна казна затвор.
Ново на Сител
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп