Македонија
25. November 2021 - 18:46

Битолската полиција изрече 61 санкции за брзо возење

Денеска во периодот од 08.00 до 14.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 61 возач, информираат од СВР Битола.

– Од нив 30 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 31 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштија од МВР.