Македонија
1. September 2020 - 19:51
Битолската гимназија по 128 години остана со празни клупи
Во оваа учебна година во битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ ќе учат 793 ученици кои заради пандемијата со Ковид 19 денес не седнаа во училишните клупи.
Но, како што велат од гимназијата жално е и што на учениците од прва година првиот контакт ќе им биде преку интернет.
Според директорката Наумовска, искуствата од онлајн наставата биле генерално негативни. Но и нема услови за настава со физичко присуство, зградата на училиштето е стара скоро век и половина.
Во битолската гимназија во континуитет наставата се одвива од 1892 година, додека пред 75 години беше меѓу првите училишта кои започнаа со настава на македонски јазик.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->