Македонија
19. April 2020 - 8:37

Битолчани во куќни дворови, на балкони и со свеќа во рака го прославија Велигден

Битолчани ги испочитуваа националните и општинските препораки и ноќеска во своите дворови или на балкони, со свеќа во рака, точно на полноќ го прославија Велигден.

Христос Воскресе се слушна во битолските населби и маала, но и желбата што побрзо, и насекаде да заврши пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Инаку, според востановената традиција, воскресението Христово, на полноќ во преспанско-пелагониската епархија го објави митрополитот г. Петар, придружуван од свештенослужители, но без присуство на верниците кои останаа дома.

Точно на полноќ, владиката г. Петар со свештенослужители влезе во храмот „Св. Димитриј“ во Битола, прочита Велигденско Послание, а утрово одржа света златоустова литургија.