Македонија
9. March 2018 - 23:49

Битолчанец запалил оган во Офицерскиот дом

Лице чиј идентитет е непознат вечерва запалило оган во Официрскиот Дом во Битола, најверојатно за да се стопли, а случајот го забележале и пријавиле од локалните кафулиња, пренесе Сакамдакажам.

Противпожарната единица брзо интервенирала и пожарот бил изгаснат со противпожарни апарати и вода. Интервенирале двајца пожарникари, а пожарот бил од мал карактер.

Инаку, лицето го запалило оганот на приземјето, иако се работи за објект под заштита како културно-историско наследство.