Македонија
20. February 2020 - 17:52

Битолчанец во својот двор пронашол 8 стари артилериски гранати, безбедно се подигнати

Вчера во Полициското одделение Новаци, И.С.(59) од .Далбеговци пријавил дека во дворното место пронашол стари гранати. 

Бил извршен увид и било констатирано дека станува збор за осум неексплодирани артилериски гранати, калибар 75 мм од Првата светска војна, кои биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.