Македонија
30. January 2019 - 10:06

Битолчанец прегазен, возачот побегнал

Синоќа во 23.05 часот на улица „Васко Карангелески“ во Битола, непознато возило управувано од непознато лице удрило во пешакот С.В.(55) од Битола и го напуштило местото на настанот.

Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Битола.

Увид извршила екипа од СВР Битола.