Македонија
27. April 2016 - 19:23

Битолчанец повреден со огнено оружје

Секторот за односи со јавност на Клиничка болница-Битола соопшти дека попладнево во Битола со прострелна рана над левата надколеница бил донесен битолчанецот Б.П. (50), врз кого веднаш била извршена лекарска интервенција.

- По приемот на повреденото лице, тоа беше подложено на лекарска интервенција во одделението за ортопедија и трауматологија каде од левата надколеница е извадено страно тело, метален предмет. Повредениот потоа беше проследен на хируршкото и на инфективното одделение, потврди Јагода Стојановска, портпарол на СВР-Битола.

СВР-Битола поведе истрага за настанот.