Македонија
2. July 2021 - 17:48

Битолчанец поради недоразбирање во сообраќајот физички нападнал две лица

Вчера  во 12.10 часот во Охрид од полициски службеници бил приведен В.Ѓ.(28) од Битола, поради тоа што околу 10.25 часот, по претходна вербална расправија поради  недоразбирање во сообраќајот, физички ги нападнал Љ.З.(38) и Љ.Н.(63), двајцата од Охрид, велат од МВР.

Според пријавеното при нападот тој употребил тврд предмет, притоа оштетувајќи му го и возилото кое го управувал Љ.З., а им се заканувал и со остар предмет, по што Љ.З. со тврд предмет го оштетил возилото и на пријавениот.

По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.