Македонија
31. July 2016 - 12:55

Битолчанец осомничен за сторени седум тешки кражби

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.П. (25) од Битола осомничен за сторени седум кривични дела „тешка кражба“.

Пријавениот во периодот од 10.05.2016 година од 08.00 часот до 24.05.2016 година до 11.15 часот, како што соопшти денеска МВР, извршил тешки кражби од седум различни возила паркирани на различни локации во Битола.

Од возилата пријавениот одземал лаптоп компјутери, мобилни телефони, банкарски картички, различни документи и многу други предмети со што причинил материјална штета од 83.000 денари.