Македонија
28. February 2016 - 14:43

Битолчанец крвнички го претепал 12-годишниот син

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Џ. (36) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „запуштање и малтретирање на дете“ и „телесна повреда“. 
 
Пријавениот го запуштил, малтретирал и тепал своето дванаесетгодишно дете.
 
На 3. овој месец во домот на бабата на детето, пријавениот го натепал својот син, при што му нанел видливи повреди во пределот на главата и телото, кои биле констатирани во Клиничка болница во Битола.