-->
-->
Битола: Претепан газдата на „Император“, локалот демолиран
-->
Вчера околу 03.00 часот во Битола на ул. „Широк Сокак“, во кабаре „Император“, непознати сторители без повод и причина физички го нападнале М.Т. (28) од Битола, еден од сопствениците на кабарето. Истиот бил удиран со тврд предмет и столици при што му била нанесена расекотина на десната рака.
Откако успеал да излезе од кабарето со такси возило се упатил во Клиничката болница Битола, додека пак сторителите се вратиле внатре и искршиле неколку стакла, инвентар, неколку компјутери и опрема. По укажаната лекарска помош во КБ-Битола, М.Т. е задржан на одделението за ортопедија. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО