Loading Video...
Ракомет
10. October 2019 - 14:59

Битола ќе има два клуба со името Еурофарм Пелистер

Денеска во Советот на Општина Битола беше изгласан Договорот за уредување на капиталната и управувачката структура на Еурофарм Работник и Пелистер, со што се даде зелено светло за проектот кој треба да го врати ракометниот сјај на Битола – Еурофарм Пелистер.
 
Со договорот се предвидува создавање два клуба – Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.
 
-Едниот клуб ќе се натпреварува во СЕХА и другите европски натпреварувања, додека другиот во Супер лигата. Буџетот кој се предвидува е најмалку еден милион евра за дава клуба за годишно ниво. Грбот ќе биде сегашниот зелено-бел н Арк Пелистер. Се надевам дека создаваме убава спортска ракометна приказна која десетина година и фалеше на Битола, изјави Валентин Груевски, Претседател на Совет на Општина Битола.
 
Опозицијата гласаше воздржано затоа што нивните забелешки за договорот не биле прифатени.
 
-Со договорот ниту еден од потписниците не е обврзан да инвестира во инфраструктура која ќе биде потребна за да се исполни заострувањето на критериумите кое со сигурност ќе следи за играње натпревари од ваков ранг, изјави Иванчо Тошевски, Советник од ВМРО ДПМНЕ.
 
После донесувањето на одлуката, следи книговодственото усогласување, а претседателот на Советот ќе биде овластен да ја продолжи постапката за купување на акциите. Од општината велат дека во најбрзо време ќе бидат завршени сите формалности. Боите на дресот оваа сезона нема да бидат менувани, но од наредната покрај сино-бели, ќе се игра и во зелено-бели дресови.