Бизнис
8. March 2018 - 19:14

Биткоинот за десет години може да падне на 100 долари

 Веројатноста дека цената на биткоинот во наредните десет години може да падне на 100 долари е поголема отколку дигиталната валута да достигне ниво од 100.000 долари, изјави економистот Кенет Рогоф, професор на универзитетот Харвард. 

- Мислам дека биткоинот по десет години ќе вреди само мал дел од сегашната вредност. За десет години многу поверојатна цена е сто долари, отколку 100.000 долари, изјави поранешниот главен економист на Меѓународниот монетарен фонд за телевизијата Си-ен-би-си