Биткоинот незапирлив, урнат нов рекорд
Најпознатата криптовалута - биткоин, денеска урна нов рекорд, достигнувајќи цена од дури 5.144 долари во утринското тргување.
Со тоа е урнат претходниот рекорд, кога кон почетокот на септември биткоинот достигна вредност од 5.013 долари.
Toа значи дека инвеститорите ги надминале лошите вести од минатиот месец, кога регулаторите во Кина ги забранија некои од најголемите менувачници кои разменуваа биткоини.
Извештаите од изминатите денови укажуваат на тоа дека сепак ќе продолжи тргувањето со биткоини во втората најголема економија во светот.
Во извештајот на Criptocoinneys.com се наведува дека тргувањето со биткоини ќе продолжи во Кина, но со построга регулација. Тоа веројатно ќе значи воведување нови правила за лиценцирање и за спречување на перење пари.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море