Бизнис
28. October 2017 - 16:13

„Биткоин“ доаѓа на Балканот – Хрватска и Словенија први во трансакциите

Наместо како виртуелни, крипто валутите да станат дел од реалниот промет и стопанство. Освен на интернет  тие да можат да се користат и надвор од компјутерските  мрежи.  Финансиките аналитичари веќе  на големо работат на оваа проблематика. Банка од Словенија  прави пилот проект кои во идина треба да им овозможи на граѓаните од  банкомат да подигаат евра долари и други валути со помош на Биткоин.

Ние работиме на еден проект да може да го пласираме биткоинот во традиционалниот банкарски свет. Соработуваме со сите иниституции и се придржуваме кон законите. Сакаме да ја понудиме на граѓаните во банка наместо како сега само на интернет страните каде не се знае кој стои позади нив, рече Јака Видњал- професор

И покај тоа што се повеќе граѓани  и големи светски компании како на пример фирми за издавање на платежни картички се интересираат за воведвање на биткоинот сепак според експертите ќе биде потребо уште многу време малите продавници, трговски  центри ресторани кафулиња да се охрабрат  за да го воведат.     

Големите светски коорпорации  веќе почнаа да експериментираат со крипто валутите, додаде Видњан.

Многу од земјите ја забрануваат употребата на крипто валутите- биткоинот. Ова според  експертите е погрешно тоа е иновативна валута.. Една од нив е и Македонија. Според моменталните прописи и закони во земјава плаќањето со виртуелна валута биткоин е забрането и секој кој ќе го користи за било каква трансакција  го крши законот за што се предвидени не само парични туку и казна затвор.