Loading Video...
Спорт плус
1. February 2019 - 16:32

Битка меѓу Шифрин и Влахова резултира со делба на првото место

 
 
Две победнички во една велеслаломска трка во Светскиот куп во алпско скијање. 
 
Тоа се случи денеска во Марибор, каде Американката Микаела Шифрин и Петра Влхова од Словачката со ист резултат (време) го освоија првото место во велеслалом. 
 
Тие остварија идентично време од 2:31.31, па се искачија заедно на највисокото место на пиедесталот, на кое имаше место и за Норвежанката, Рагнхилд Мовинкел која зад победничките доцнеше 93 стотинки.
 
Токму овие две се и во трка за големиот кристален глобус и малиот во велеслалом дисциплина во која Шифрин има освоено 760 бода, а Влахова 80 бода. 
 
И во Генералниот пласман, Шифрин е водечка со 1594 бода, пред Влхова со 998 бода. 
Утре во Марибор, демите ќе се натпреваруваат во слаломска.