Македонија
10. March 2021 - 11:31

Битиќи: Воведовме полициски час за да не дојде до порестриктивни мерки

Не беше лесно да се донесе одлуката за полициски час. Укажувам дека ова го правиме за да не дојде до порестриктивни мерки, рече денеска вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и уште еднаш потенцира дека здравјето на граѓаните е на прво место.

– Треба да напрвиме се за да го забавиме покачувањето на бројките на заразени за да одговориме адекватно како здравствен систем и како држава. Одлуката дојде по искуството од веќе една година. Целта е економските оператори да можат непречено да работат, а единствените рестрикции се само за граѓаните што е доволен сигнал за сите, млади и повозрасни, да сфатат дека во оваа битка со непознатиот непријател едно е најважно – нашето здрваје. Се друго, економски последици, изгубени работни места – ќе се надомести, истакна Битиќи по билатералниот состанок со потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

Тој потсети дека полицискиот час е донесен за две недели.

– Се надевам дека нема да треба да се оди со други мерки, а од мојот колега Абазовиќ слушнав дека кај нив се во најава уште порестриктивни мерки зашто бројките се алармантни, потенцира Битиќи.