Битиќи: Пописот е основа за креирање на квалитетни економски политики
Основата на квалитетни економски политики кои одговараат на реалните потреби на граѓаните, може да се добијат само преку издржани статистички податоци. Тие податоци произлегуваат токму од најважната и најобемна статистичка операција- попис, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Во своето обраќање кон граѓаните за значењето на пописот, како најважна статистичка операција, вицепремиерот Битиќи додаде дека пописот конечно ќе даде одговор на прашањата што го интересираат секој инвеститор кога одлучува каде ќе инвестира.
-Сите инвеститори, независно дали се странски или домашни со пописот ќе имаат одговор на многу важни прашања со кои ќе може да донесат одлуки за реализација на нивните инвестициски планови. Дали и каде има квалификувана работна сила по специфични профили? Која е старосната структура и потенцијалот на одредени градови и региони и кој човечкиот потенцијал на среден или долг рок може да биде ангажиран во одредено време?, подвлече Битиќи.
Вицепремиерот посочи дека пописот ќе овозможи државата да носи соодветни економски политики, со кои ќе се обезбеди ефективно и ефикасно користење на целокупниот човечки потенцијал, и Владата ќе добие јасна слика за кого, каде и во кој обем се планираат и реализираат севкупните економски стратегии.
-Почитувани граѓани, пописните резултати се клучната појдовна точка од која Владата поаѓа при носењето на економските политики, во кои покрај целокупната развојна стратегија се и ќе бидат инкорпорирани и политиките со кои ќе се постигне и рамномерниот регионален развој, заклучи Битиќи.
Ново на Сител
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон