Бизнис
26. October 2020 - 12:55

Битиќи: Ќе биде потребен и петти и шести пакет мерки за справување со кризата

Четвртиот пакет мерки ќе помогне за ублажување на првите удари од пандемијата, задржување на работните места и ликвидноста на фирмите, но најверојатно нема да биде доволен, вели вицепремиерот Битиќи. Но за тоа какви мерки ќе се носат во следниот период зависи од ефектите кои ќе ги даде четвртиот пакет мерки за справување со кризата.

-Ќе треба и петти и шести пакет на мерки за справување со кризата од вирусот. За тоа ќе зборуваме и цела 2021 година. Колку и да треба ќе донесеме мерки за полесно да ја надминеме кризата и овој период.

 

Ирена Чачкова