Балкан
15. March 2016 - 18:34

Биста на папата Франциско во центарот на Тирана

Папата Фрациско доби биста во центарот на албанскиот главен град Тирана.

Како што јави дописникот на МИА, бистата е поставена на булеварот „Народни херои“ пред Камбаната на мирот, до познатиот објект Пирамида.

Одлука за тоа ,како шо рече на свчената церемонија, градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај донесена е едногласно од страна на Советот на општина Тирана.

На отркривањето на бистата присуствуваа голем број претставници од политичкиот и верскиот живот, меѓу нив и шефот на албанската држава Бујар Нишани. Тој високо го оцени ликот на папата Франциско, заблагодарвајќи му што токму Албаија ја избра за почеток на неговата турнеја низ Европа.

Под бистата поставенн натпис, кој е дел од обраќањето на понтифот при неговата дводневна посета на Тирана на 21 и 22 септември 2014 година.

- Орелот симбол на вашата татковина не го заборава гнездото, иако се искачува во височините, лета многу високо, пишува на постаментот на кој е поставена бистата.

Франциско беше втор папа кој ја посети Албанија, по Јован Павле Втори кој престојуваше во земјата на 25 април 1993 година.