Бислимовски: Сите потршувачи можат да излезат на слободниот пазар на електрична енергија
Од 1 јануари годинава целосно е либерализиран пазарот на електрична енергија во земјава и сите потрошувачи, вклучувајќи ги и домаќинствата можат да излезат на слободниот пазар, но во моментов на домаќинствата не би им се исплаќало и токму тоа е причината што снабдувачите не им понудија пакети, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергатика (РКЕ) Марко Бислимовски.
-Во овој момент во регионот и во земјава набавната цена на електричната енергија на слободниот пазар изнесува помеѓу 70 и 80 евра за мегават час. Кога на тоа ќе се додаде и трошокот за мрежарина, што треба да го плати секој потрошувач, кој за домќинствата изнесува 30 евра за мегават час, излегува дека вкупната цена што би требало да ја плаќаат домаќинствата доколку излезат на слободниот пазар изнесува околу 105 до 110 евра. На регулираниот пазар, каде цените ги определува РКЕ, просечната цена за домаќинствата е околу 75 евра за мегават час со вклучена мрежарина, појасни Бислимовски на денешната прес-конференција.
Посочи дека со овие цени во овој момент нема никаква логика домаќинствата да излезат на слободниот пазар, бидејќи нивните трошоци на тој начин би се зголемиле за околу 30 отсто.
-Со Законот за енергетика токму затоа е поставен заштитниот механизам „универзален снабдувач“, за кого најголемата државна компанија за производдство на електрична енергија АД ЕЛЕМ им обврска да обезбеди 80 отсто од енергијата по производна цена од 39,6 евра за мегават час, што ја има определено РКЕ со последната одлука од јуни 2018 година. Плус, има потреба од увоз што во текот на годинава го реализира ЕВН Македонија АД Скопје, и од тие приини цената на регулираниот пазар за домаќинствата е 75 евра. Доколку излезат на слободен пазар би била помеѓу 105 и 110 евра. Од тие причини снабдувачите не гледаат логика да им понудат на домаќинствата електрична енергија, бидејќи и самите не веруваат дека некое домаќинство би се решило да купи струја на слободниот пазар со што би му се зголемиле трошоците за 30 отсто, потенцира Бислимовски.
Кај малите потрошувачи е исплатливо, нагласи, бидејќи до либерализацијата на регулираниот пазар плаќаа така наречена „индустриска струја“ која просечно ги чинеше по околу 150 евра за мегават час.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово