Бислимоски реизбран за претседател на одборот на регулатори
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски е реизбран за претседател на Одборот на регулатори на Енергетската заедница (Energy Community Regulatory Board – ECRB), со што практично доби втор мандат во извршување на оваа должност. Гласањето се реализираше на 50-тиот јубилеен состанок што се одржа во Атина.
Добивањето на доверба за уште еден мандат, освен што ја потврдува лидерската улога на РКЕ во спроведување на реформите во енергетскиот сектор, дополнително е и признание на активната улога на РКЕ во креирањето на решенија во време на енергетска криза, посочи Бислимоски по завршувањето на состанокот.
„Предизвик е да се претседава со Одборот на регулатори во време на енергетска криза, но лидерството се кристализира во нудење на решенија во тешки моменти, а не во изговори како алиби “ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ и претседател на Бордот на регулатори на Енергетската заедница.
На состанокот учествуваа регулаторите од Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Украина, како и претставници од Европската комисија и Агенцијата за соработка на eнергетските регулатори на Европската унија (Agency for the Cooperation of Energy Regulators - ACER).
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово